ВИДЕО: Момче во долна облека бегало од очувот монструм кој му ги убил мајка и братот во Русија - крваво влетало во пекара

Јавноста во Русија беше шокирана од злосторството кое се случи во вторникот во градот Менделјевска, во република Татарстан. Таму 41-годишниот мештанин Ајнур Харисов во алкохолизирана состојба на смрт со нож ја избоде поранешната сопруа Ангелина, нејзината 19-годишна ќерка и својот 2-годишен син.

Во домот во кој се случило злосторството бил и 11-годишниот Никита, посинок на Ајнур, кој во куќата го разбудиле крици. Во тој момент очувот веќе ја убил неговата мајка и постариот брат, а 2-годишниот брат врескал.

Никита скокнал од креветот, но очувот го нападнал со нож, а потоа наредил да се врати во соба, затоа што „подоцна со него ќе се позанимава“. Ги заклучил сите врати, но Никита го скршил прозорот и босоног, во долна облека, целиот крвав, избегал во студената ноќ.

Спасот го пронашол во блиската пекара чии надзорни камери снимиле ужасна глетка од преплашено момче.

На снимката се гледа рането момче кое на вработените во пекарата им раскажува што се случило. Работниците во пекарата повикале полиција и итна помош, а потоа го прекриле измрзнатото и преплашено момче во прекривач и топла облека, обидувајчи се да му ги санираат раните,

Полицијата пристигнала на местото на злосторството и го уапсила убиецот. Двегодишното бебе уште давало знаци на живот, но за жал, во болница подлегнало на повредите.

Наводно алкохолот и љубомората биле мотив за застрашувачкото злосторство.Ајнур три пати бил осудуван поради кражба и нанесување телесни повреди. Покојната Ангелина не конзумирала алкохол, работела и во служба за социјална заштита.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега