ВИДЕО: Монструозна постапка - џихадист се јави кај мајка на сириски војник и ѝ кажа дека му ја отсекол главата

Жестока борба се води овие денови меѓу сириската војска и терористичките групи, кои се поддржани од турската војска.

На социјалните мрежи се појави снимка од еден џихадист кој на мобилен телефон ѝ се јавува на мајката на еден сириски војник.

Телефонот го нашол во униформата на сирискиот војник, а потоа смеејќи се ѝ се јавил на мајката. На несреќната жена ѝ соопштил дека тој му ја отсекол главата на нејзиниот син.

Се претпоставува дека снимката настанала во источен Идлиб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега