(ВИДЕО) Му се слоши на градоначалникот на Кочани, Мицкоски ја прекина прес-конференцијата

Новиот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов изгуби свест и се онесвести за време на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски веднаш штом ги забележа случувањата зад него ја прекина прес-конференцијата и се упати кон Папазов по што му помогна по што го крена во раце.

Случувањето започнува од 15 минута на видеото.

Дополнително, само неколку минути после неговото онесвестување, лидерот на ДПМНЕ, Мицкоски сподели фотографија на социјалните мрежи каде објаснува дека градоначалникот на Кочани е во ред и се пошегува дека нареден пат нема да го заборави појадокот.

07.11.2021 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега