(ВИДЕО) Муцунски и Димитриеска-Кочоска се новите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели. Тоа е Тимчо Муцунски, кој е универзитетски професор на Правниот факултет Јустинијан Први, и градоначалник на Општина Аеродром кој издвојуваше убедлива победа уште во првиот круг. Муцунски дел од своето образование го има стекнато во САД и Канада, и беше Заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски беше и пратеник во Собранието на Македонија, како и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Нов потпретседател е и Гордана Димитриеска Кочоска која е магистер по економски науки на УКИМ. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период беше член на Управниот одбори и директор за финансии во АД Електрани на Македонија.

Инаку, потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски.

31.01.2022 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега