ВИДЕО: Напад со нож во џамија во Лондон, верниците му се спротивставиле на напаѓачот

Еден маж е избоден за време на попладневната молитва во џамија во Лондон.

Засега нема официјални детали за инцидентот. Полицијата по влезот во џамијата затекнала маж, кој има околу 70-години со убодни рани. Тој е пренесе во болница и не е во животозагрозувачка состојба.

Според очевидци, нападнат е мујезинот кој ја предводел молитвата. Полицијата го задржала еден осомничен дека го сторил злосторството.

Објавените снимки од местото на нападот покажуваат дека е задржан белец облечен во црвен дуксер.

Полицијата не верува дека станува збор за терористички напад.

Повикувајќи се на сведоци, Ројтерс објавува дека во џамијата имало околу 100 верници во времето на нападот и оти 20-тина од нив реагирале и му се спротивставиле на напаѓачот.

 

20.02.2020 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега