ВИДЕО: Нападната руска база во Сирија- соборени три беспилотни летата

Вака изгледаше напад на беспилотни летала кои вчера вечер на руската воздухопловна база во Сирија изведоа напад непознати милитанти.

„Раша тудеј“ пренесува дека рускиот противвоздушен систем успеал да го одбие нападот.

 

По нападот се огласи и руското Министерство за Одбрана:

„Три вздушни мети со мала величина се приближија на рускиот воен објект на 19 јануари вечерта.  Ги открија руски противвоздушни ракетни ситетми. Уништени се на сигурна одалеченост од базата. Нема жртви ниту материјална штета. Руската база продолжува да работи како и обично“ велат од Министерството.

Според извештаите, руската војска во тек на 2019 година уништила најмалку 58 беспилотни летала и 27 ракети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега