ВИДЕО: Не е секаде пеколно топло - студениот бран во Австралија ја однесе првата жртва, снег ги натрупа градовите

Југоисточниот дел од Австралија беше погоден од ладен бран, со температури кои во планинските предели се движеле од околу минус три степени, а маж загинал кога врз него паднала гранка дрво.

Уште во саботата метеоролошките служби издале предупредување за силни и студени ветрови, снег и мраз.

Според пишувањата на австралијанскиот портал АБЦ локал, снег, ниски температури и отежнати услови за возење, довеле до затворање на патиштата ширум државата Викторија, а студениот бран кој градовите ги завил во бело трае веќе неколку денови.

Поедини градови првпат после неколку децении биле прекриени со снежна покривка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега