(ВИДЕО) Нема мир ниту денеска во Украина: Ракета разнесе хотел

Руската стратешка авијација, Црноморската флота и Касписката флотила денеска истрелаа низа крстосувачки ракети врз цели низ Украина.

Цел на нападот бил и главниот град Киев, каде според некои проценки одекнале од 8 до 10 детонации.

Во нападот бил погоден хотелот Алфавито. Засега нема информации за жртвите и кој бил сместен таму.

Некои непотврдени и непроверени информации велат дека во тој комплекс биле сместени западни воени советници, но оваа информација е невозможно да се провери, како што е невозможно да се провери и потврди тврдењето дека зградата била погодена од противвоздушна ракета, а не од крстосувачки проектил.

31.12.2022 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега