(ВИДЕО) Невиден хаос во Кина: Во верижен судар учествувале 200 автомобили, се натрупале еден врз друг

Едно лице загинало во верижен судир на повеќе од 200 возила во кинескиот град Џенгџоу, кој се случил поради голема магла, јавуваат итните служби и државната телевизија „CTV“.

Итните служби соопштија дека повеќе од 200 возила налетале едно на друго, пренесува „Ројтерс“.На фотографиите и видеоснимките поставени на социјалните мрежи може да се видат автомобили и камиони насобрани еден на друг на мостот Џенгсин Хуангхе.

Многу од повредените останале заробени во своите возила, а пожарната служба на самото место пратила 11 противпожарни возила и 66 спасувачи, јавуваат државните медиуми.

Видливоста од утрово во многу области била помала од 500 метри, а повремено и до 200 метри, соопштила метеоролошката служба.

Полицијата го затворила мостот за сообраќај.

28.12.2022 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега