ВИДЕО: Невреме во Германија - град со големина на тениско топче искрши автомобили, ветерот открона дрва

Германската покраина Баварија, особено Минхен и околината, синоќа ги зафатило силно невреме кое предизвикало голема штета, а повеќе лица се повредени.

Во покраината паѓал град со големина на тениско топче, а ветрот корнел дрва.

Градот искршил стакла на многу автомобили, прозорци од згради и предизвикал голема штета на фасадите на многу куќи.

Во Остајгој биле откорнати повеќе дрва, а едно дрво повредило седумгодишно дете и двајца мажи. Локалните медиуми јавија дека велосипедисти застанале под откорнат дрво барајќи засолниште, кога врз нив паднало друго дрво. Детето се здобило со тешки повреди, додека мажите се полесно повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега