ВИДЕО: Никој не знае како го преживеале ова - автомобилот се распарчи на делови од ударот

 

Камерата на еден камион снимила стравичен судир на канадскиот автопат во Торонто.

Од силниот удар, гуми и делови летале на сите страни.

Адил Канан добил повик да дојде на автопатот а да го одвлече возилото кое се расипало. Патниците во него биле во ред. Додека гледал низ шофершајбната, забележал бело возило како се доближува со огромна брзина.

Удрил во паркираното возило нанесувајќи неверојатна штета.

Мажот кој стоел покрај возилото е отфрлен на банкината, а двајца патници практично биле исфрлени од седиштата. Тие паднале со лице на земја, а за среќа, никој не бил повреден.

 

 

 

 

10.08.2018 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа