(ВИДЕО) Николоски: Поднесовме иницијатива за гласање доверба на владата

Иницијатива за гласање доверба на Владата е поднесена до Собранието, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Нагласи дека иницијативата ја поднесуваат и е потпишана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, коалицијата АА и А, пратениците од БЕСА и пратениците од Левица.

Николоски посочи дека 61 пратеник ја потпишаа оваа иницијатива и 61 потпис се доставени до Собранието заедно со оваа иницијатива.

-Очекуваме претседателот на Собранието согласно законите и Деловникот, во најкус можен рок да свика седница, нагласи Николоски.

 

Пратеникот нагласи дека во тек се интензивни разговори со уште неколку пратеници во Собранието и посочи дека очекува во моментот на гласањето да има повеќе од 61 пратеник.

-Ние високо ја цениме работата на Скендер Реџепи, мислам дека неговата изјава беше јасна и дека тој ќе поддржи гласање недоверба на Влада, објасни Николоски.

08.11.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега