ВИДЕО: Нова снимка од нападот на „Шарли ебдо“

Нападот на редакцијата „Шарли ебдо“ во Париз одекна во светот како големо злосторство кое повикува за поголемо здружување во борбата против тероризмот. Исламските екстремисти убија 10 новинари и двајца полицајци.

На Интернет се појави нова снимка од терористичкиот напад на која се прикажани две маскирани лица како мирно се враќаат кон автомобилот по крвавиот масакр.

-Го осветивме пророкот Мухамед, вели еден од напаѓачите.

Тие го менуваат оружјето и влегуваат во автомобилот, но набрзо пукаат кон полициското возило кое им наидува додека бегаат.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега