ВИДЕО: Новинарка ја удри автомобил среде директен пренос - таа стана и продолжи да известува

Репортерката на „Ен-би-си“, Тори Јоргеј, ја удри автомобил за време на пренос во живо. Таа потоа станал и заврши со прилогот за студено време.

Додека известувала, автомобил налетал на неа одзади и ѝ ја срушил камерата. Тори неколку моменти не се гледала на екранот, а водителот во студиото бил видно вознемирен обидувајќи се да сфати што се случило.

Но по неколку моменти, Тори повторно се појавил пред камера и продолжи да известува како ништо да не се случило.

„Се е во ред, сите сме добро“, повтори новинарката обидувајќи се да ја смири шокираната жена возач што удри во неа.

„Ова е мојата последна недела на работа, па се разбира дека ова се случи“, се пошегува 25-годишната Тори.

24.01.2022 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа