(ВИДЕО) Новиот директор на Бирото за метрологија Селами: Мислев дека метрологијата е наука за времето

Новиот директор на бирото за Метрологија, Авдуљ Сељам Селами, мислел дека тоа е наука за времето и временската прогноза.

Во говорот по повод денот на Метрологијата, самиот ја сподели со јавноста оваа информација.

-Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето – рече новиот директор на Бирото за метрологија Селами.
 
Тој по професија е правник, а негово прво вработување било инспектор во УЈП.

19.05.2023 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега