ВИДЕО: Нурнете во скопското хорор подземје за само 50 денари саат

За 50 денари час доживејте го вистинскиот хорор во Скопје. Катната гаража под МНТ ќе ви помогне во тоа. Ако се паркирате на првиот кат, можеби и нема да добиете вистинско хорор искуство, но ако се спуштите на вториот, ќе треба да имате прилично дебели живци.
Просторот не е исчистен веројатно од моментот кога оваа гаража е ставена во функција пред неколку години.

Лифтот, нормално, како и во речи си секоја скопска гаража не работи. По заштитните огради се развиле сталактити и сталагмити како во некоја пештера. Вода тече на сите страни, нема струја, мириса лошо. Се ова за 50 денари по час.

Уживајте во видеото.

05.03.2024 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега