ВИДЕО: Објава на новинарка на Си-Ен-Ен во програма во живо - Аманпур повторно го запрепасти светот

Новинарка на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур објавила во програма во живо дека ѝ е дијагностициран рак на јајници.

„Имав голем оперативен зафат за тој да се отстрани и сега ме чекаат неколку месеци хемотерапија за да имам најдобра можна долгорочна прогноза. Сигурна сум дека ќе го победам“, рекла Аманпур.

63-годишната Аманпуре една од најпопуларните новинарки во светот, поради следењето на меѓународните конфликти. Последните 4 години не водела емисии поради нејзината дијангноза, јавува Си-Ен-Ен.

Во својата објава Аманпур укажала дека ракот на јајници е широко распространет, односно дека го имаат милион жени во светот. Таа на гледачите им се обратила од Лондин и истакнала дека има среќа што работата ѝ обезбедува здравствено осигирување и ја пофалила ританската Национална здравствена служба.

Аманпур ги повикала жените да се информираат за болеста, да имаат редовни прегледи, да слушаат што им говори телото и да инсистираат нивната загриженост за здравјето да не биде игнорирана.

15.06.2021 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега