ВИДЕО: Огнена стихија усмртила деца на спиење - во пожар во либериски интернат настрадале 23 ученици

Најмалку 23 деца загинале во пожар кој избил во предградието во близина на либериската престолнина Монровија.

Се верува дека пожарот избил во раните утрински часови, додека учениците спиеле.

Полицијата за Би-Би-Си рекла дека и понатаму трагаат по телата во рушевините од зградата.

После трагедијата се огласил и претседателот на земјата Џорџ Веа, кој изразил сочувство за семејствата.

Од местото на несреќата работниците на Итна помош ги земале настраданите деца, а тие ќе бидат погребани во среда попладне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега