ВИДЕО: Охриѓани доследни на традицијата- три пати ја пееја песната Во Јордание а потоа се искапија во езерото

Оваа година поради пандемијата со коронавирусот изостана вековната традиција на положување на крстот во охридското езеро, но сепак охриѓани доследни на вековната традиција, пренесува „Охрид1“

И покрај ниските температури голем број  граѓани се искапија во осветената Езерска вода.

Наместо во Езерото, чесниот крст беше положен во дворот на црквата, а го фати Никола Чорбески – Чорбе.

Како што е редот капачите првично три пати ја пееја песната Во Јордание, а потоа на чело со Чорбески влегоа во водата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега