ВИДЕО: Откриени 65 стебла канабис во Демир Капија - приведени дилери

 

Вчера полициски службеници од  Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес  во местото Јаворица, Демир Капија нашле насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и  на лице место приведоа две лица С.С. (33) и А.С. (56) од Демир Капија поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана. На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита  на насадот.

„Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка., како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба. Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино. 

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал“, информираат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа