ВИДЕО: Паднати производи од полиците, луѓето на улица - силен земјотрес во Панама

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот брег на Панама, во близина на границата со Костарика. Досега не се добиени извештаи за штети и не се очекува цунами.

Според извештајот на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил 321 километар југоисточно од главниот град на Костарика, Сан Хозе, а се случил на длабочина од два километри.

Според мерењата на Американскиот геолошки институт, земјотресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтер.

„Го почувствувавме земјотресот речиси низ целата земја, но нема штети на јавната инфраструктура или повредени“, изјави Александар Солис, шеф на Комисијата за итни случаи на Костарика.

„Нашиот тим продолжува да ги следи областите погодени од земјотресот. Досега не е пријавена штета“, рече шефот на панамската цивилна заштита на „Твитер“.

Американските и панамските служби објавија дека не се очекува цунами.

Првиот земјотрес беше проследен со уште еден силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, објави ЕМСЦ.

Макфакс

22.07.2021 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега