(ВИДЕО) Пајак и Антониа Гиговска заедно - „малку авантура, малку љубов, малку стрес“ во – „Хабиби“

После многубројните Јутјуб прегледи и големиот бум кој го направи со макфестовскиот дует со Лара Иванова во темата „Bella“, младата трап ѕвезда Христијан Настески со естрадно-уметнички прекар Пајак промовираше нов дует.

Овој пат со по многу што во јавноста експонираната Антониа Гиговска, која по дуетот со „2 Бона“ и нивната „Хиена“, сега заедно со Пајак пее „Хабиби“.

Музиката и стиховите се и овој пат авторско дело на младиот Пајак, што покажува дека прераснува во сериозен хит -мејкер кога е барем во прашање музиката на новата генерација. Аранжманот, миксот и мастерингот се вообичаено дело на постојаниот соработник на тимот на „Урбан рекордс“, братот на некогаш познатиот и популарен Јован Јованов, Иван Јованов – Ивајо. Целиот продукт секако е под закрила и етикета на најпродуктивната продикциска куќа во поново време, веќе споменатите „Урбан рекродс“.

Разбирливо, песната е визуелизирана и со видеоспот кој стандардно го потпишува трито на продукцијата: Били Д, Гордан Божиновски, Никола Наумовски.

Видео спотот на Пајак и Антониа визуелно изгледа како истиот да е снимен некаде на Блискиот Истокот, зашто целата атмосфера и амбиентот, од сценографијата преку костимите, па се’ до кореографијата „мирисаат“ на Ориентот. Впрочем како и атмосферата во песната, но и самите стихови: „Малку авантура, малку љубов, малку стрес, заради тие очи паѓам jaс на грев…“, кои како намерно да се пишувани за да го опишат она што на Антониа и се случува периодов на приватен план.

Освен тоа, планирано или не, песната излегува во момент кога Антониа е во фокусот на јавноста по роденденското изненадување за целата јавност дека по сите љубовни превирања, 22 годишната пејачка ќе стане мајка.

Како звучи и изгледа „малку авантура, малку љубов, малку стрес“ и сето тоа спакувано во темата „Хабиби“ на Пајак и Антониа, проследете во видеото во продолжение:

23.01.2023 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега