ВИДЕО: Пеколно топло во Индија - топлотниот удар уби 36 лица, температурите се искачија над 50 степени

Топлотниот бран кој ја зафати Индија усмрти 36 лица од кои најмногу сиромашни работници, објави во средата државната служба за непогоди педупредувајќи дека рекордните температури се забележани во повеќе индиски сојузни држави изминативе години.

Во главниот град на земјата забележани се температури од 48 степени Целзиусови, што е највисока температура некогаш измерена во тој град, додека во Чуруу, градот во северозападната држава Раџастан, температурата достигнала дури 51 степен.

-Ова е најлошиот топлотен удар некогаш. За време на 2015 година топлотниот бран беше забележан во девет земји, а сега се проценува во 23 земји - рекол Ануп Кумар Сривастава, експерт за суши и топлотни удари при државната служба за непогоди.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега