ВИДЕО: Пензионерка во Белград „уловена“ на улица за време на полициски час, го насмеа регионот

Како што знаеме, во целиот свет владее епидемијата на коронавирусот, а многу од државите ширум светот веќе прогласија вонредна состојба...

Во Србија воведена е вонредна состојба и посебни мерки за заштита на граѓаните. Една од нив е и таа според која на лицата постари од 65 години во градските средини и на лицата постари од 70 години во руралните средини целосно им е забранет излез од нивните домови.

Сепак, една баба била ‘уловена’ надвор од својот дом, во центарот на Белград, но набрзо ја сопрела полиција.

На една од многубројните снимки кои што постојано се појавуваат на социјалните мрежи, а поврзани со вонредната состојба во земјите, го слушаме полицаецот како ја прашува бабата зошто е надвор сред вонредна состојба?

„Еве, си одам дома. Бев на час по англиски кај мојата пријателка која што има слободно време“ – изјавила бабата чие име е Оливера.

Погледнете го видеото:

 
 
 
View this post on Instagram

Koja ste vi laž? Mi smo "bila sam na času engleskog" #ostanikodkuće

A post shared by Dnevna doza policijskog časa (@policijski_cas) on Mar 29, 2020 at 11:51am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега