(ВИДЕО) Погледнете го моментот кога скопјанка „го подбра“ Ковачевски во маркет: „Премиере, цените се до плафон“

Денеска премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, но и со многу камери прошета низ скопски маркет, за како што кажа да ги провери цените на јајцата.

Но, граѓаните имаа можност да го затекнат во маркет, па ја искористија шансата да го искажат своето незадоволство од замрзнувањето на цените, ниските плати и високата инфлација. Повозрасна жена му се обрати на премиерот и го праша зошто највисоките пензии се зголемуваат најмногу, а најниските најмалку. Исто така, дополни дека цените се многу високи. 

„Цениве се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари“, му кажа жената на Ковачевски.

Премиерот ја оправда ситуацијата, кажувајќи дека сегде во светот има криза поради руско-украинскиот конфликт. А не губеше време, па се пофали што неговата Влада направила. Погледнете како изгледаше овој момент. 

28.03.2023 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега