ВИДЕО: Погребан Марадона - на приватната церемонија присуствувале 200 луѓе

Легендарниот аргетински фудбалер Диего Марадона е испратен до вечното почивалиште од илјадници навивачи кои беа на улиците во Буенос Аирес за да му оддадат последна почит. На приватната церемонија присуствувале 200 луѓе.

Марадона беше пренесен до гробиштата „Бела Виста“ кои се наоѓаат на периферијата од градот, а каде почиваат неговите родители. 

На погребот присуствувале неговите ќерки Далма и Џанина кои Марадона ги добил со Клаудија Вилафејн, како и ќерката Јана која фудбалерот ја имал вонбрачно и подоцна ја признал. Освен Клаудија, на погребот присуствувала и Вероника Охеда, исто така поранешна сопруга на Марадона, која дошла со нивниот син Диегито Фернандо.

Кон вечното почивалиште Марадона беше испратен и од поранешните соиграчи со кои во 1986 година во освои Светското првенство, а присутни биле и голем број познати аргентински фудбалери меѓу кои и Карлос Тевез.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега