ВИДЕО: Полицаец уби девојка во куќа во Тексас - земала пиштол да се одбрани, но следниот момент била мртва

Жената која се преселила во Форт Ворт во Тексас за да се грижи за својата мајка во рацете држела пиштол, недолго откако полицаец низ прозор пукал и ја убил, стои во налогот за аспење на поранешниот полициски службеник Арон Дин, а пренесува Ројтерс.

Според споменатиот налог, 28-годишната Ататјана Џеферсон чула звуци надвор од домот во кој таа престојувала со внукот и земала пиштол за да се заштити. Звуците ги произведувал Дин Арон и неговиот партнер кога се движеле околу куќата за проверат дојава за можна кражба.

„Се слушаа звуци кои доаѓаа од надвор и зема пиштол од торба“, рекол внукот на убиената девојка.

Дин Арон вчера дал отказ, пред да биде отпуштен, поради кршење низа полициски процедури, а обвинет е за убиство.

Да потсетиме, Арон во саботата во околу 2 часот утрината, поради дојава за кражба, пукал низ прозорот на спалната соба на Ататјана Џеферсон, убивајќи ја додека била покрај својот 8-годишен внук.

Мајката на Ататјана престојувала во болница кога загрижените соседи забележиле дека вратата од нејзиниот дом е отворена среде ноќ. Повикале полиција која набрзо дошла на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега