ВИДЕО: Полицаец во Њујорк фатил за врат Афроамериканец - попуштил кога колегата го повлекол за кошула

Полицаец во Њујорк бил суспендиран откако бил снимен додека со рака држи за врат Афроамериканец, што началникот на полицијата го окарактеризирал како „очигледно гушење“.

На снимката е прикажана група полицајци кои му пришле на Афроамериканецот, додека еден со рака го фатил за врат додека лежел со лицето надоле на плажа во Квинс.

На снимката се слуша и како некој вика: „Го гушиш, брате“.

Полицаецот го попуштил стискањето откако колегата го повлекол за кошула. Не е јасно дали Афроамериканецот се здобил со повредо за време на инцидентот, но на снимката се гледа дека можел самостојно да стои откако станал од земја.

Во Њујорк техниката со гушење одамна е забранета. Бробата против употребата на таа техника почнала после смртта на Ерик Гарнер во 2014 година, кога полицаец го угушил при апсење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега