ВИДЕО: Поплава во Грција- поплевени домови, улици автомобили

Десетици поплавени домови и оштетена инфраструктура има во грчкиот град Солун. Засега нема информации за  жртви и потешко повредени лица.

Пожарникарната служба примила повеќе од 150 повици, а од 17 куќи морале да испумпуваат водат, пренесе Екатимерини.

Во текот на бурата од четвртокот вечерта, службеници на пожарникарната служба евакуирале седум луѓе од поплавени домови на подрачјето на Ефкарпије.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, поројниот дожд го поплавил автопатот Солун- Ореокастро, а автомобилите останале заглавени на патот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега