ВИДЕО: Поплава во Хрватска - за кратко време наврнале 26 литри дожд

Во текот на вчерашниот ден паднала огромна количина на врнежи на подрачјето на Нашица, што предизвикало поплави, пренесува ТВ Нашица.

Според засега неофицијални податоци, во краток временски рок паднало 26 литри дожд по квадратен метар, а од петокот до вчера на ова подрачје наврнале 128 литри дожд по квадратен метар, пренесува порталот Индекс.хр

Најзагрозени места се Золјан, Мартин и дел од Брезик.

Сообраќајот е затворен во двата правци.

На подрачјето на општина Ѓурѓеновац најзагрозени се Шаптиновци, додека ситуацијата во Фиречанци и Подгорац е под контрола.

20.07.2021 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега