ВИДЕО: Поплавени патиша затворени училишта - Дубаи повторно зафатено од големо невреме


Големо невреме повторно ги зафати Обединетите Арапски Емирати.

Дубаи е повторно под удар на големо количество дожд, кој од 3 часот утринава паѓа постојано.

Иако засега ситуацијата е под контрола и нема индиции дека ситуацијата од пред неколку дена ќе се повтори, жителите се исплашени.

Невремето се очекува да трае до петок. Учениците не одат на училиште, а и на компаниите им се препорачува да работат од дома.

 

Неколку летови беа пренасочени од аеродромот, а во четвртокот поради невремето повторно беа поплавени многу патишта во градот.

 

02.05.2024 - 16:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега