ВИДЕО: Поплави и во Хрватска- водата продре во повеќе куќи, а улиците претворени во реки

Силниот дожд кој падна синоќа во областа на градот Жупања им создаде големи проблеми на жителите на овој вуковарско-сремски град. Водата продре во повеќе куќи, но поплави и делови од градските патишта, пишува „Индекс.хр“.

Скоро целиот град е поплавен. Бројни дворови и автомобили се под вода. Сите расположиви сили на Јавното комунално претпријатие од Жупања и комуналното претпријатие Комуналац се на терен, обидувајќи се да ја испумпаат водата од куќите.

Началникот на Генералштабот на цивилната заштита на градот Жупања, Младен Доган, изјави дека има проблеми во сите делови на градот.

Ситуацијата во градот Нашице, каде невремето проследено со силен дожд вчера попладне предизвика поплави, во моментов е добра и водата се повлекува, објавија претставниците на окружниот штаб за цивилна заштита.

 

Макфакс

20.07.2021 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа