ВИДЕО: Познатата пејачка се соблече на бина, а има и важна порака

Една од најпознатите млади музичарки на денешницата ги предизвика сите кои го коментираа нејзиното тело.

Били Ајлиш (18) ја почна својата турнеја во Мајами, а пред да започне настапот, на голем бим е пуштена снимка на која се гледа како таа се соблекува.

На снимката која се појави на социјалните мрежи се слуша Били Ајлиш како вели: „Некои мразат како се облакам, а некои сакаат. Ако носам нешто удобно, тогаш не сум жена, ако се соблечам, тогаш сум ку*рва“.

Били, која ќе често се облекува во широка облека, зашто знае дека ќе се зборува за нејзиниот изглед, наведува дека истите тие медиуми го коментираат нејзиното тело, иако никогаш не го виделе.

11.03.2020 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега