ВИДЕО: Пресушија Викториините водопади - остана само гол камен, последиците ќе бидат огромни

Иако количината на водата во реката Замбези вообичаено се намалува за време на сушната сезона, експертите предупредуваат дека оваа година дошло до незамислив пад на нивотот на водата.

Јужна Африка веќе е погодена од најлошите ефекти на глобалното загревање поради ефектот на стаклената градина. Славините во многу области пресушиле, а помош во вид на храна е потребна за околу 45 милиони луѓе чии посади пропаднале поради сушата.

Зимбабве и Замбија се погодени од рестрикција на електрична енергија, затоа што производството на енергенти зависи исклучило од хитроелектраната на Карибите која се наоѓа на реката Замбези низводно од Викториините водопади.

Километри од ова природно чудо. кое било извор за живот на растителниот и животинскиот свет во околината, сега имаат само гол камен. На другите делови од водотекот, вода има многу малку.

Викториините водопади спаѓаат во најголемите и најспектакуларните во светот.Водопадите се запишани на листата на места заштитени од УНЕСКО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега