ВИДЕО: Преживеаниот карикатурист објасни зошто го нацртал Мухамед

Ние сме карикатуристи и цртаме мали знаци и ликови, како кога бевме деца. И терористите биле деца и тие цртале како и ние, токму како што сите деца го прават тоа. Во еден момент тие ја изгубиле смислата за хумор. Ја изгубиле душата на детето во себе, изјавил преживеаниот каракатурист низ солзи.

49-годишниот Реналд Лузијер  го преживеа масакрот благодарение на тоа што задоцнил на работа на кобниот ден. Тој додава дека му е жал што повторно го нацртале пророкот Мухамед, но дека тоа на сликата е само „момче кое плаче“.

Инаку денес ќе излезат дури 3 милиони примероци од најновиот број на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, поради чија што карикатура минатата недела радикални исламисти убија 12 лица.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега