ВИДЕО: Професор нападнат пред училиште во Бор - маскиран напаѓач го удира од зад грб и бега

Во кругот на средното техничко училиште во Бор утрово засега неидентификуван напаѓач го удрил со предмет 58-годишниот професор по физичко воспитание Драган М. кој за помош се обратил во Итната помош, потврдено е од тамошната полициска управа.

„Полицијата работи на расветлување на овој настан, трага по напаѓачот, а за настанот е известено надлежното обвинителство“, рекла портпаролката на полицисктата управа Драгана Петровиќ за Танјуг.

Во меѓувреме се појави снимка од безбедносната камера на училиштето на која се гледа како професорот се качува по скали, а млада маскирана личност му се доближува и го напаѓа од зад грб. Во моментот напаѓачот паѓа зад професорот на скалите, но набрзо потоа станува и бега, а професорот во еден момент станува и трча кон него.

Учениците за српските медиуми изјавиле дека со нападнатиот професор никогаш немале никакви проблеми ни инциденти, па не им е јасен мотивот на овој напад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега