ВИДЕО: Пронајдено семејство кое во подрум живеело 9 години чекајќи крај на свет - најстариот син избегал од дома

Во подрум од една куќа во Руинерволд во Холандија, пронајдено е семејство кое таму живеело девет одини чекајќи го „крајот на светот“.

Откриено е дека таму живеел 58-годишен маж со шет деца, на возраст од 16 до 25 години.

Девет години поминале во подрумот од кучата на фарма опкружена со дрва, а целата приказна е разотрикена кога најстариот син се појавил во локалниот паб и нарачал пиво.

На локалните мештани им рекол дека му е потребна помош и повикал полиција.

Изгледал прилично збунето, а рекол дека со семејството живее во изолација.

„Испи пет пива, а потоа се довери дека избегал и дека му треба помош. Имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека. Рече дека никогаш не одел во училиште и дека не се бричел“, објаснил сопственикот на пабот Крист Вестербик.

Нивниот татко ги прекинал сите контакти со надворешниот свет. Преживувале со помош на зеленчукот кој сами го одлгедувале. Децата немале информации ни претстава за надворешниот свет ниту со некои други лица, освен со нив.

Уште не се знае што се случило со мајката, а таткото на детето, според некои извештаи доѓивеал шлог, па веќе некое време е врзан за кревет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега