ВИДЕО: Пропадници на ЕБР, Тигрите и екипи на антитероризам во Дебар

Презентација на дел од опремата на Министерството за внатрешни работи и тактичко-показна вежба на припадниците на полицијата се одржаа денеска во Дебар во рамки на активностите по повод одблежувањето на Денот на полицијата.

Тактичко-показната вежба ја следеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и високи функционери во МВР,  како и градоначалниците на Дебар, Хекуран Дука, на Маврово Ростуше Медат Куртовски, и на Центар Жупа, Аријан Ибраим.

На вежбата на која што граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега