(ВИДЕО) Протести во Канада за поддршка на иранските жени

 

Десетици илјади лица вчера излегоa на протести во Монтреал и другите канадски градови во знак на поддршка на протестите што веќе над две недели го потресуваат Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини, која на 16 септември беше претепана од „моралната полиција“ поради непочитување на строгите правила за облекување.

Протестното движење во Иран трае веќе 16 дена, а почна кога Махса Амини почина, откако претходно беше уапсена затоа што не ја покривала косата во согласност со строгиот ирански кодекс за облекување за жените.

Десетици илјади лица вчера учествуваа на собирите на силидарност низ неколку градови на Канада, вклучувајќи ги Ванкувер, Торонто и главниот град Отава.

жВо Торонто, јавната телевизија Си-би-си прикажа слики на демонстрантите кои носат маици со пораката „Правда за Махса Амини“ и вееја ирански знамиња.

Во Монтреал, неколку жени ја потстрижаа косата додека повеќе од 10.000 лица држеа транспаренти на кои пишуваше „Правда“ и „Не за Исламската Република“.

02.10.2022 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега