ВИДЕО: Прва снимка од нападот во Германија - маскиран маж излегол од автомобил и почнал да пука

Најмалку две лица се убиени во германскиот град Хале, а властите објавиле снимки од пукањето.

На снимката може да се види маж, облечен во воена униформа, како излегува од возилото и почнува да пука. Постои сомнение дека нападот го извршиле двајца мажи.

„Нашите сили уапсија едно лице. Остануваме на готовс. Ги распоредивме силите и околу Хале и се обидуваме да ја стабилизираме ситуацијата, се додека не добиеме релевантни информации“, пишува на страната на полицијата на Твитер, пренесува Ројтерс.

Напаѓачот со автоматска пушка пукал пред синагогата, а според првичните информации фрлена била и граната на блиските еврејски гробишта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега