ВИДЕО: Први снимки од големиот пожар во Белград - 46 пожарникари се борат со огнот, се слушаат сирени

Рано утрово се запали магацин во пристаништето во Белград. Густ и црн чад се издигна над населбата и може да се забележи оддалеку.

Како што пренесуваат српските медиуми ветерот го отежнува гаснењето на огнот.

Според првите извештаи, никој не е повреден затоа што пожарот избувнал во зграда во која нема луѓе. Станува збор за магацин каде се складира само хартија и картони.

Повремено пука стакло и се слушаат помали детонации. Реонот е блокиран, а во тој дел од градот е создаден метеж.

На терен сеа 13 противпожарни возила, со најмалку 46 пожарникари. На пожарникарите им се придружи брод од реката, кој помага да се испорача вода.

14.07.2021 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа