ВИДЕО: Први жртви на поплавите во Србија - настрада брачен пар од село во Краљево

Осумдесетгодишните Раде и Цмиљка Богојевиќ, чија куќа се наоѓа недалеку од манастирот Студеница, во српското село Ѓаково, најверојатно се првите жртви на поплавите во Краљево, потврдиле мештаните на ова село и претставници на Градскиот штаб за вонредни ситуации кои се наоѓаат на терен.

Според нивните кажувања, надојдената река Студеница делумно го променила текот утрово и практично ја „опколила“ семејната куќа на Богојевиќ. Нивниот син, кој живее недалеку од куќата на своите родители, последен пат со нив успеал да се слушне утрово во оклу 6 часот, пренесува порталот Круг.

Во текот на денот спасувачи се обидувале да пријдат до куќата на Богојевиќ, а на крајот за спасување бил ангажиран и хеликоптер на полицијата. Еден спасувач успеал да дојде до кучќата, но не успеал да ги најде Богојевиќ.

Ова е нивната куќа:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега