ВИДЕО: Пукнал базен на кровот, водата се излеала на улиците - снимка после земјотресот во Мексико

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтер го погодил Јужно Мексико, тресејќи ги зградите во центарот на главниот град стотина километри подалеку, по што луѓето биле принудени да излезт на улиците. Едно лице загинало при рушење на фасада.

Американскиот геолошки завод објавил дека магнитудата на потресот била 7,4 степени, а Мексиканската сеизмолошка служба вели дека бил со јачина од 7,56 степени.

Инаку, на Твитер е објавено видео кое покажува последици од земјтресот. Поради тресењето се оштетил кровот на една зграда во Мексико Сити по што водата, се претпоставува од базен на врвот, почнала да се слева по улиците и да ги изненадува минувачите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега