ВИДЕО: Расте напнатоста во Црна Гора - полицијата го претепала градоначалникот на Будва, објавени снимки од местото на настанот

Припадници на црногорските специјални полициски сили брутално го претепале и уапсиле градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ утрово.

Царевиќ и претседателот на Собранието на Општина Будва биле уапсени пред зградата на Општината, а полицијата ги привела и менаџерот на Општината и останатите водечки функционери.

Како што се слуша на видеата објавени на социјалните мрежи, Царевиќ бил брутално претепан, а на снимката се гледа дека полицијата применува сила и кон другите функционери на општината.

Во Будва во моментов е хаос пред Општината, а на зградата ѝ се искршени и стаклата.

Насобраните граѓани извикуваат: „Усташи, усташи“ и „Мафија, мафија“.

Инаку, полицијата синоќа се откажала од асистенција во управната инспекција во поставувањето на нови власти во Будва, со што пропадна планот на ДПС да се смени легитимната власт на Будва.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега