(ВИДЕО) Реакцијата на Мбапе за промашениот пенал на Кејн е хит на интернет

Фудбалерите на Франција синоќа ја совладаа Англија со 2:1 и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство, а едно видео од натпреварот стана вистински хит на интернет.

Головите за Франција ги постигнаа Орелјан Чуамени и Оливје Жиру, додека Хари Кејн погоди од пенал за Англија, но ниту еден од тие голови не е споделуван на социјалните мрежи како реакцијата на Килјан Мбапе во 87. минута од натпреварот.

Имено, Англичаните потоа добија шанса да израмнат со втор пенал, кој Кејн повторно го изведе.

Капитенот на Англија шутираше над голот, Мбапе знаеше како да прослави, а неговата широка искрена насмевка ја обиколи цела планета.

Во среда од 20 часот Франција го игра полуфиналниот натпревар против Мароко, најголемата сензација на овогодинешното Светско првенство кое се одржува во Катар.

11.12.2022 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега