ВИДЕО: Роналдо не можеше да ги сокрие созите среде интевју се расплака

Кристијано Роналдо се расплака кога Пирс Морган му покажа видео од неговиот татко, кој Роналдо го немал видено претходно.

Видеото е дел од интервју за норвешка телевизија, една година пред Динис да почине од алкохолизам во 2004 година.

Динис зборува за тоа колку е горд на својот син, а Роналдо заплака.

– Да слушнеш како татко ти вели дека е горд на тебе, мора да значи многу – искоментира Пирс.

На тоа, Роналдо одговори дека мислел оти интервјуто ќе биде смешно и оти не очекувал да плаче.

– Никогаш го немав видено видеото. Јас не го знаев татко ми 100 отсто. Тој беше пијаница. Никогаш не зборував со него, немав нормален разговор. Беше тешко – рече Роналдо, додавајќи оти бил многу тажен што неговиот татко никогаш не го ценел тоа што неговиот син бил прв во нешто.

Овој документарец ќе излезе во јавноста утре, пренесува „Метро“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега