ВИДЕО: „Само да ми го видите лицето“ - бразилскиот претседател соопштил дека е заразен со коронавирус, па ја извадил маската

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро е позитивен на коронвирусот, откако претходно беше критикуван дека смртоносниот вирус го нарекол обичен грип. Откако им соопштил на новинарите, ја извадил маската.

Болсонаро рекол дека направил тест, четврт по ред, во понеделникот откако ги добил симптомите, вклучувајќи и висока температура.

Откако ги соопштил резултатите од тестот на медиумите, тој ја извадил маската од лицето пред да продолжи да зборува.

„Само да ми го видите лицето“, рекол Болсонаро, па ја извадил маската.

Додал и дека се чувствува добро.

„Ви благодарам на сите кои се молите за мене, кои ме поддржувате. Му благодарам на Бога, добро се чувствувам“, додал тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега