ВИДЕО: Се сруши зграда од 7 спрата во Бразил - еден станар загина, спасувачите ги пребаруваат рушевините

Станбена зграда од седум спрата се сруши во Форталези, градот на североистокот од Бразил, а најмалку едно лице загина.

Тројца луѓе се спасени, рекол еден од спасувачите.

На снимката се гледа како спасувачките екипи ги пребаруваат рушевините од зграда и како две лица се префрлаат со возило на брза помош.

Засега не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на несреќата.

Седумкатницата се наоѓа во центарот на градот кој има 2,6 милиони жители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега