(ВИДЕО) Шилегов: В недела изберете развој на Скопје и демократска и отворена власт

Скопје за четири години доживеа целосна промена и тргна во правилна насока. Тоа е она што го нудам во следниот мандат, да го завршиме започнатото и да изградиме европски и чист град со модерен јавен транспорт и квалитетна инфраструктура, изјави актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Во своето видео обраќање, Шилегов ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври.

– Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети, или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели, вели тој.

Тој дополнува дека в недела граѓаните избираат помеѓу развојот на Скопје кој, како што вели, „го започнавме заедно“, отворена и демократска власт или предавање на Скопје на истите луѓе кои, според него, со децении го уништуваа и работеа само за свој личен интерес.

29.10.2021 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега