(ВИДЕО) Сиднеј: Лавови во акција - ја изгризале оградата, па побегнале

Пет лава ја изглодале оградата од куќата и се вовлекле под неа, по што излегле на прошетка во зоолошката градина во Сиднеј.

Возрасен мажјак и четири младенчиња избегаа, а зоолошката градина прогласи тревога од прв степен. Вработените и посетителите на зоолошката градина се криеле и чекале лавовите да се вратат во заградениот простор.

Зоолошката градина „Таронга“ објави видео на кое се гледа бегството на младенчињата лавови и нивниот татко кои според изјавата на зоолошката градина, биле мирни и се обиделе сами да се вратат во заградениот простор.

Младенчињата и таткото се обидоа неколку пати да влезат во живеалиштето, пишува „Гардијан“.

Инцидентот е под истрага. Од зоолошката објавија дека „независен форензичар“ води детална истрага за причината како можело да се случи да биде уништен дел од оградата.

01.12.2022 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега